Мојот поврат на ДДВ е поеднаков од твојот!?

Standard

tax-1351881_1280.pngАјде пак малку весела математика. Предлог мерката (на СДСМ од пред неколку недели) 15% поврат на ДДВ (15% од 18% ддв) за граѓани или 30.000 МКД (500 ЕУР) годишно по домаќинство. Односно во кратки црти 500 ЕУР (тоа што им се ветува на сите) ќе добијат поврат само семејства со нето месечни приходи од најмалку 1.500 ЕУР или околу 750 ЕУР по вработен – во превод побогатите :).

Но ајде прво чекор по чекор до превкусна дедукција.

15% од 18% ДДВ е 2.7%. Зашто предлогот не е намалување на ДДВ за 2.7% туку е поврат на ДДВ некако преку платежни картички? Прво затоашто е популистички смислен второ затоашто просторот за манипулација е далеку поголем ако смислиш комплексен систем за поврат на ДДВ со кој не е јасно кој има најголем бенефит. Ајде на страна тоа дали е мерката можност за корупција и како милиони еур недостаток во буџетот ќе се надокнадат. Да збориме за таргетирањето… Кој ќе добие најголем поврат? Логично тие што највеќе трошат коишто инаку не се најсиромашните нели пошто тие и онака често ќе купуваат стоки кои имаат повластен понизок ддв – 5% (15% од 5% = 0.75% поврат на ДДВ за сиромашни спроти 2.7% поврат за богати). Мерката е обратна од прогресивен данок односно им дава повластувања на побогатите.

Но ајде со пример – Едно семејство со двајца вработени на минимална плата значи месечни приходи од 20.000 мкд X 12 месеци = 240.000. Под услов се што купуваат да е оданочено на 18% ДДВ а не на 5% или без ДДВ, тогаш 2.7% од 240.000 мкд (нели 15% од 18% = 2.7% и тоа за побогати) = 6.480 денари (105 еур). Значи во просек околу 10 еур поврат месечно или една сметка за вода. Од 105 до 500 еур има уште 395 еур дупка :). Кој ќе ја пополни? Епа подоходовните :).

Ајде да видиме колку приходи треба да има едно поситуирано семејство за да стигне до поврат од 500 ЕУР (30.000 МКД од почетокот). 2,7% (односно 0,027) 500 ЕУР/0,027 = 18,500 ЕУР. Значи само домаќинство со над 18.500 ЕУР годишен приход, или 1.500 ЕУР месечен приход по домаќинство (18.500/12 ~ 1.500 EUR) или приближно 730 ЕУР месечна нето плата по вработен член, можат да добијат годишен поврат од 500 ЕУР (30.000 МКД) или 5 пати повеќе од посиромашните. Мала дедукција, големи импликации.

Наздравје до следниот лов!

Advertisements

Флерт Политика – покачување плата на јавна администрација

Standard

14573041_10153675111816377_6363638549528651167_n.jpgОбожувам помпезни најави. Ок барем не е помпезно како предлог минималната плата од 300 евра на Павле Трајанов . Но ајде малку весела математика со предложеното покачување на платите на наставниците. Супер, и мајками работи во основно. Но кога некој ви дава поклон купен со ваши пари се прашувате колку кошта тој „подарок“ и од каде се земени тие пари (која буџетска линија) особено пошто не е развоен/капитален трошок.

Со 5 минути играње со цифри и главна претпоставка дека еве да речеме само пола наставници се на наставничка минимална плата (а сигурно се повеќе) се доаѓа до дополнителен трошок за плати од 600,000 еур месечно или околу 7 милиони евра годишно (екселот во прилог-како слика, нема друг начин ). Одговорни креатори на политики би кажале од која буџетска ставка ќе одземат за да ја финансираат оваа мерка, сето останато е само популизам.

Не сум против покачувања на плати за јавната администрација, но сум против колективно потценување на интелигенцијата на мојот и сечиј народ под превивката дека тие се елита и нема потреба што тие нас да ни објаснуваат во детали.

Ви посакувам добар улов!